Србија избира нова Влада
Од 7 часот наутро до 20 часот граѓаните на Србија го бираат новиот состав на парламентот. Во Србија се одржуваат предвремени парламентарни избори. Според анкетите СНС на Вучиќ со 42% популарност се очекува да победи. Дачиќ имаше 13%, ДС на Џилас 10%, а Тадиќ со Новата ДС-9%...

Од 7 часот 6,7 милони граѓани на Србија со правонаглас го бираат новиот состав на парламентот.Изборите се одржуваат во еден круг. Очекувањата на граѓаните се различни.
„Што ни зборуваат? Ќе живееме подобро! Па ние сме сега тука да живееме подобро. Досега, ова ништо не важеше, па отсега ќе сме живееле наеднаш подобро. А, истите луѓе се! ...Не очекувам некои големи промени. Во секој случај мислам дека ќе остане како и досега-исто!...Очекувам дека ќе биде подобро и дека ќе се испофаќаат сите лопови! ... Доколклу јас се прашувам- не ми се допаѓа како се составени изборните листи. Овие коалиции се целосно непринципиелни...“, велат анкетираните граѓани.
Се гласа за 19 изборни листи со 3.000 кандидати, од кои се избираат 250 пратеници што ќе ја одредат новата српска влада и новите економски мерки за излез на Србија од кризата. На Косово се гласа на 90 изборни места со помош на ОБСЕ. Денес се гласа и за нови членови на собранието на Белград, кои ќе го одредат новиот градоначалник на престолнината на Србија. Првите неофицијални резултати се очекуваат вечер пред полноќ.
Предвремените парламентарни избори во Србија се одржуваат на иницијатива на првиот вицепремиер и лидер на владејачката Српска напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, кој се очекува да биде голем победник на денешното гласање.
Од Белград за МТВ, Оливер Бранковиќ
