Коронавирус

СЗО: Мутација не е надвор од контрола

22.12.2020 10:48

Шефот на организацијата за вонредни ситуации Мајкл Рајан на прес-конференција реагираше на изјавата на британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, дека новиот вид на коронавирус е надвор од контрола.

Новата мутација на коронавирусот, која се шири побрзо, не е надвор од контрола, објави Светската здравствена организација. Оттаму додаваат дека е потребно да се спроведуваат досегашните мерки на заштита.

Шефот на организацијата за вонредни ситуации Мајкл Рајан на прес-конференција реагираше на изјавата на британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, дека новиот вид на коронавирус е надвор од контрола.

СЗО најави дека ќе се спроведат и нови истражувања за ефикасноста на вакцината против новата варијанта на Ковид-19.