Индија ја прекина потрагата по малезискиот авион

16.03.2014 17:30

Индија ја прекина потрагата по исчезнатиот малезиски патнички авион и чека нови инструкции од Малезија. Индиските воени сили ги пребаруваа двете области во рамките на меѓународната акција по боингот кој исчезна на 8-ми март со 239 патници и челенови на екипажот.

Малезискиот премиер Наџиб Разак вчера изјави дека авионот намерно бил пренасочен и дека летал уште неколку часа откако исчезнал од цивилниот радар.

Не е потврдено дека е грабнат. Малезија официјално побарала помош од 25 држави.

Кина денеска упати низа критики до малезиските власти за начинот на водење на истрагата.