Извештај на ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаразени и починати
Пријавени се 159 смртни случаи од 25 града, односно има намалување од 8,6 проценти. Бројот на оздравени пациенти е помал за 15 проценти. Минатата недела 4.513 лица биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Бројот на новозаразени со Ковид-19 бележи намалување од речиси 17 насто, во однос на минатата недела, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Најголем дел од новозаразените и натаму се од Скопје.
Пријавени се 159 смртни случаи од 25 града, односно има намалување од 8,6 проценти. Бројот на оздравени пациенти е помал за 15 проценти. Минатата недела 4.513 лица биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Во изминатото деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. На инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 482 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19.
