Ковид-19

Словенија почнува масовно тестирање во 13 градови

22.12.2020 11:35

Во Љубљана ќе се спроведе на Конгресниот плоштад, додека точните локации во останатите општини ќе ги објават локалните власти.

Словенија почнува со доброволно, масовно тестирање на корона вирус во 13 градови. Во Љубљана ќе се спроведе на Конгресниот плоштад, додека точните локации во останатите општини ќе ги објават локалните власти.

Се работи за брзи антигени тестови, кои сега се третираат еднакво како и ПЦР тестовите и се бесплатни.