60% од граѓаните кои купувале онлајн се соочиле со проблеми
60 проценти од граѓаните имале проблеми при онлајн купувањето. До организацијата на потрошувачи се повеќе поплаки за работата на куќните совети и управувањето со зградите. Лани биле побарани и речиси илјада правни совети.

Дури 60 проценти од граѓаните кои купувале онлајн се соочиле со проблеми. Oд организацијата на потрошувачите велат дека во последните години сѐ поголем број на поплаки пристигаат поврзани со домувањето, односно Куќните совети и управувањето со зградите. Граѓаните се жалеле дека редовно не се врши сервисирање и чистење на објектите, а во исто време добивале високи сметки.
До Организцијата на потрошувачите лани стигнале над 1.000 поплаки, а исто толку биле побарани правни совети. Непочитување на гаранциит, проблем дури во 40 проценти од случаите. Од ОПМ велат дека преставките се проследуваат и до Државниот пазарен инспекторат.
Незадоволни потрошувачи имало и кај услугите за водовод и топлинската енергија.
Дијана Ценевска
