Компанијата „Пуцко Петрол“ го купи земјиштето на поранешна „Алумина“

22.12.2020 14:21

Од компанијата велат дека целта е се ревитализира целиот простор и да се стави фокус на зелените површини и парковите.

Нафтената компанија „Пуцко Петрол“ го купи земјиштето на поранешната фабрика „Алумина“ за 24 милиони евра од израелската компанија „Газит глоуб“. Од компанијата велат дека целта е се ревитализира целиот простор и да се стави фокус на зелените површини и парковите.

„Во време кога светот запре, кога фирмите се на голем удар од кризата предизвикана од вирусот Ковид 19, нашата компанија ќе го урбанизира овој простор. Целта е да се даде репрезентативен изглед на овој дел на Скопје, следејќи ги секако енергетско-ефикасните трендови во Европа“, вели Асмир Јахоски сопственик на Пуцко-Петрол.

Инвестицијата која би се случила на овој простор се проценува на 150 милиони евра.