Испекторатот го следи откупот на тутунот
Тутунот се откупува, а инспекторатот и тутунарите будно ја следат ситуацијата на теренот. Од Инспекторатот потврдуваат дека стигнуваат приговори. Само вчера се откупени 440 тони по просечна цена од 167 денари, што сметаат дека бележи благ пораст. Од Сојузот на земјоделските здруженија ги охрабруваат тутунарите за секој нерелен откуп да пријавуваат до второстепената комисија...
Киро Ангелоски од прилепско Беровци годинава има преку три тони тутун. Досега на процена носел дел од родот, а и денеска е пред откупниот пункт. Во исчкување е, се надева на подобро, а цената од 170 денари, смета дека е малку за квалитетот. Допрва треба да предаде уште близу два тона.
На сите откупни пунктови во Прилеп се носи род за процена на вагите. Но, и нешто се враќа, се оспорува.
Од почетокот на откупот има 90 приговори, а само вчера 21, велат од Државниот земјоделски инспекторат. Повеќе од половината позитивно се решени. Прва придобивка од договорот со откупувачите е што одбитоците се сведени на 5 насто. Откупната цена, велат, има благ пораст од почетните 162 денари. Само вчера се купени 440 тони по просечна цена од 167 денари. Од почетокот на откупот се преземени 2.390 тони што е околу 10 насто од годинашниов род.
Од Сојузот на земјоделските здруженија и незадоволните тутунари апелираа производителите, доколку се оштетени, да оспоруваат и да пријавуваат до второстепената комисија.
Елизабета Митреска
