ДКСК

Шилегов ја добил одлуката за судир на интереси

22.12.2020 15:05

Антикорупциска по допрен глас ќе испитува дали Град Скопје има склучено договор со адвокатското друштво „Шилегов“. На скопскиот градоначалник му е доставена одлука за судир на интереси, по пријавата дека Шилегов користел консултантски услуги од неговата адвокатска канцеларија...

Антикорупциска на градоначалникот Петре Шилегов му доставила одлука за судир на интереси, која следи по пријава дека скопскиот градоначалник користел консултантски услуги од неговата адвокатска канцеларија. По допрен глас, пак, Антикорупционерите ќе истражуваат дали и Град Скопје склучил договор со истата канцеларија.

Државната комисија за спречување на корупција оцени дека назначувањето за в.д. директор на Агенцијата за филм на 15-ти декември годинава од Владата е спротивно на прописите. Исто лице не може да биде член на Управниот одбор на Агенцијата и да извршува функција в.д. директор. Препорака до Владата да го разреши од членството во Управниот одбор.

Антикорупционерите на извршната власт и го презентирале практичното упатство за правилата за ад хок откривање и управување со случаи на судир на интереси за членовите на Владата.

 

Наташа Гркова- Петрушевска