Нова ковид- амбуланта за брзи тестови во Битола
Од утре стартува со работа уште една ковид- амбуланта за брзи тестови во Битола. Од Центарот за јавно здравје очекуваат да се намали метежот што се создаваше...

Иако деновиве бројката на активни позитивни ковид пациенти бележи пад за 30%, за уште едно скалио се подига превентивната дијагностика. Утре со работа започнува новата ковид- амбуланта за брзи тестови во месната заедница „Панде Кајзеро“ опремена со помош на општината. Случувањата кажуваат дека иако напливот за тестирања е намален, превентивните чекори се важни.
На отворањето на трета по ред амбуланта за брзи тестови со порелаксирани чувства и оние кои поминале низ голготата, и оние кои стравуваат од опасноста на виусот.
Донираните за почеток 2.000 брзи тестови и зголемувањето на капацитетот на лабараторијата треба да овозможат порелексиран однос на матичните лекари, но и подостапно тестирање.
По последниов извештај во Битола има 716 активни случаи. Во регионалниот ковид- центар хоспитализирани се 54 пациенти и има 41 слободен кревет, но намалените параметри токму пред празниците не треба да нѐ опуштат, велат медицинските лица.
Стевче Митревски
