Е сега мора и мора бод, ама победа сигурно!
Вардарки со триумф или бод ќе ги турнат дефинитивно германките. Доколку бидат скопјанки поразени во арената Борис Трајковски, тогаш тие се во бездната...

Тоа е кога се сака нешто, или кога се има притисок од нешто. Митјиланд-Турингер 26:20, 6 коло ракометна Лига на Шампионки.
Она што е јасно како ден е дека дански Митјиланд ги однесе до работ на бездната германските првенки Турингер од речиси сигурната патека. Вардарки со триумф или бод ќе ги турнат дефинитивно германките. Доколку бидат скопјанки поразени во арената Борис Трајковски, тогаш тие се во бездната, така место во 4-ката обезбедуваат Турингер и Митјиланд. Тоа сценарио не е на мени, а уште помалку би сакале да го вкусиме.
Сега за сега, само данките со сигурност се дел од фајнл-фор завршницата. Савехоф ако се збрише во Скопје, друштвото од групата 1 ќе бидат, Вардар СЦБТ и Митјиланд. И бод ќе брка работа за црвено-црната ѕвездена дружина, бидејќи и во меѓусебниот скор со данските шампионки нашите се во подобра позиција. Згора на се првото место ќе биде загарантирано.
Лидерската позиција носи исклучиво само констатација дека се добива како противник тим кој е втор во групата 2. Таму тие две места загарантирани за браниотелот на шампионскиот трон, Ѓер и Будуќност, кој од кој подобар тим.
