Мексико е најопасната земја за новинарите
Околу 119 новинари се убиени во Мексико од 2000 година, што ја прави најопасна земја за новинарите ширум светот, според Комитетот за заштита на новинарите. Осум новинари се убиени во оваа година во земјата, што го прави Мексико најопасен за новинарите, а веднаш по него се Авганистан и Филипините.

Најмногу се насочени оние кои известуваат за корумпирани службеници и нивните врски со организираниот криминал.Новинарката Мирослава Брич беше брутално убиена во март 2017 година во државата Чивава во северниот дел на Мексико.Мирослава известуваше за членовите на локалната банда и за нивните врски со политичари пред да биде застрелана осум пати во главата додека чекаше нејзиниот син да го однесе до училиште.
Оваа недела, поранешниот гувернер на истата општина каде живееше Мирослава, Уго Амед Шулц, беше уапсен за соработка во атентатот на новинар.
Двајца други осомничени лица вклучени во убиството се уште се во бегство.
Претседателот Лопез Обрадор вети дека ќе го запре насилството врз новинарите од првиот ден кога ќе ја преземе функцијата.
Но, за време на неговата администрација преовладуваше недостаток на ресурси и политички напори да се намалат насилните одмазди за да се замолчат медиумите.
Комитетот за заштита на новинарите е непрофитна независна организација посветена на слободата на говорот и заштитата на правата на новинарите ширум светот.
Дијана Гогова Атанасова
