КОВИД-19

СЗО на состанок за стратегија против мутираниот вид на Ковид-19

23.12.2020 10:11

Светската здравствена организација на нова средба за утврдување на стратегијата со која ќе се бори против мутираниот вид на Ковид-19.

Светската здравствена организација на нова средба за утврдување на стратегијата со која ќе се бори против мутираниот вид на Ковид-19.

„Ограничувањата на патувањата се паметна одлука сè додека не добиеме повеќе информации“, напиша на Твитер регионалниот директор Ханс Клуге и побара заострување на превентивните мерки.

Педесетина земји одлучија да го запрат сообраќајот со Обединетото Кралство поради зголемениот број случаи на заразени во Англија со оваа мутација.

Во меѓувреме, Франција ги реактивираше копнениот, воздушниот и поморскиот сообраќај со британскиот остров. Предуслов за влез е негативниот тест за Ковид-19.