Национална стратегија

Поголема финансиска поддршка за аграрот

23.12.2020 10:22

Финансиската поддршка во аграрот се предвидува да се зголеми од 140 на 200 милиони евра во новата нацрт- верзија на националната стратегија за земјоделство од 2021 до 2027 година. За разлика од програмите за руралниот развој, во овој документ, директните субвенции се планира да се зголемуваат со помала стапка...

Во следните 7 години за земјоделството се планираат поголеми финансиски средства.  Ќе се издвојат најмногу до 215 милиони евра годишно, и тоа 200 од националниот буџет и по 15 милиони евра од ИПАРД програмата. Оваа сума во полн износ според нацрт- верзијата на националната стратегија за земјоделство треба да биде достапна на располагање до 2024 година.

Средствата за директните субвенции би останале на сегашното ниво, односно од 100 до 110 милиони евра, а поголем акцент се планира да се стави на руралниот развој со издвојување на 36,7 од идната, до 80 милиони евра во 2024-та.

Во наредниот период се размислува и за зголемување на финансиската  поддршка на одредени политики за руралениот развој, односно, уредувањето на пазарите и Системот за наука и иновации.

Покрај од домашниот буџет, финансирањето на националната земјоделска политика се врши и со средствата на Европската унија, односно парите од Инструментот за претпристапна помош за развојот на овој сектор, ИПАРД, кој ќе изнесува  од 4 до 15 милиони евра секоја година.

Дел од финансиите ќе се обезбедуваат и од донаторски проекти.

 

Методија Трајков