Први ќе се вакцинираат лекарите и медицинскиот персонал, потоа хронично болните

23.12.2020 14:18

Вакцина против Kорона ќе имаме на почетокот на 2021-ва година. Први ќе ја примат докторите и медицинскиот персонал, вработените во градинките, хронично болните и лицата над 65 години, информираат од Владата...

Вакцина против Kорона ќе имаме на почетокот на 2021-ва година. Први ќе ја примат докторите и медицинскиот персонал, вработените во градинките, хронично болните и лицата над 65 години, информираат од Владата. Портпаролот Арсовски вели дека и политичарите ќе бидат меѓу првите што ќе ја примат вакцината, за да дадат позитивен пример на граѓаните. Од Владата тврдат дека освен од донации, вакцини ќе добиеме преку Ковакс механизмот и преку Европската унија.

Соседните држави веќе имаат вакцини, а кај нас Филипче нема ни план, критикуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата обвинија дека тоа што земјава последна ќе ги добие вакцините, некого ќе го чини живот. Велат - Филипче најпрвин рече дека вакцини ќе има на почетокот на следната година, за потоа неколкупати да ги менува ставовите.

Засега е познато дека дел од вакцините ќе добиеме од Грција, Бугарија и од Полска, но сѐ уште не е конкретизирано кога ќе пристигнат и во колкав број.

 

Марија Котовска