Истражување

Лоши услови во студентските домови

23.12.2020 14:36

Лошите услови за живот во домот, недостаток на средства и простории за учење, и недостаток на спортски и студентски активности, се главните проблеми со кои се соочуваат студентите во студентските домови...

Лоши услови за живот, недостиг на средства и простории за учење, спортски и други активности – главни проблеми со коишто се соочуваат студенти во неколку домови во Скопје, Штип и во Битола. Младинскиот образовен форум којшто го направи истражувањето излезе со препораки - да се подобрат инфраструктурните услови во домовите и функционалноста на внатрешните простории, да се зголеми буџетот, но и транспарентноста во работата.

Според истражувањето, станарите сметаат дека се недоволно активни, но од друга страна посочуваат и незаинтересираност на раководствата на домовите за соработка и унапредување на животот.

Според  директорите на студенстките домови, ова е патоказ како да се пополнат празините.

Над 30% од испитаниците имале искуство со корупција, но најголем дел од нив тоа не би го пријавиле кај надлежните органи. Тие и не знаат каде или како да постапат кога би се информирале за коруптивни дејствија.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска