Пендаровски информиран за борбената готовност

23.12.2020 15:19

На првиот брифинг, откако земјава стана полноправна членка на НАТО, Пендаровски беше запознат со состојбата во Армијата во повеќе области во 2020 година.

Началникот на Генералштабот генерал- потполковник Васко Ѓурчиновски реферираше за борбената готовност на Македонската армија пред претседателот и врховен командант Стево Пендаровски.

На првиот брифинг, откако земјава стана полноправна членка на НАТО, Пендаровски беше запознат со состојбата во Армијата во повеќе области во 2020 година.

Годината што изминува е историска поради македонското зачленување во Северноатлантската алијанса, како и за брзиот одговор на Армијата по прогласувањето на кризната состојба, рекол Пендаровски на брифингот.

Според министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, постојано ќе се инвестира во Армијата според НАТО стандардите, но и во човечкиот потенцијал.

На состанокот се разговарало и за армиската асистенција во справувањето со Ковид-19, при што началникот Ѓурчиновски укажал на високиот професионализам во остварувањето на задачите, како и во подготвувањето на Армијата за меѓународните операции во рамките на НАТО.