Нема усогласување на ставовите за Деловникот
Сѐ уште нема приближување на ставовите на пратениците за корекциите на Деловникот со кои ќе се овозможи електронско гласање. Владејачкото мнозинство инсистира поради зголемен број пратеници болни од ковид или изолација, да се прифатат идеите за фукнционално Собрание. Од ВМРО- ДПМНЕ се против, со став- ова е спротивно на Уставот...

Следна жешка точка по одобрување на буџетот е разгледување на измените и дополнувањата на Деловникот на Собранието во услови на пандемија. Ставовите на пратениците од власта и опозицијата и понатаму дијаметрално спротивни.
Нема приближување на позициите во однос на измените на Деловникот, кој би овозможил електронско гласање на пратениците. СДСМ инсистираа на промените поради зголемениот број на ковид позитивни пратеници, со што би се овозможило, како што велат, нормално функционирање на Собранието.
Од ВМРО- ДПМНЕ, пак, категорични. Уште од самиот почеток кажани се јасни ставови дека сме против она што е во спротивност на Уставот – велат од партијата.
„Се разбира, не можеме да се согласиме за било каква промена на деловникот доколку е надвор од Жан Моне процесот. Немаме поместување бидеќи и немаме некакви консултации. Овој предлог што е пуштен во скратена постапка, од страна на опозицијата е блокиран“, рече Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ, пак се отворени за размена на идеи, но не и за промена на Уставот.
„За жал остануваме единствено Собрание во светот без ваква можност. Нема потреба од уставни измени затоа што Уставот е јасен. Но, за нас се прифатливи сите идеи кои ќе овозможат функционално Собрание во вакви услови, вели кординаторот на пратенците на СДСМ, Јован Митревски.
Опозицијата поднесе околку 3.000 амандмани, 1.350 се од ВМРО- ДПМНЕ.
Марина Стојанова- Тонева
