Откупот на тутунот тече, многу работа за второстепената комисија
Тутунот се откупува и се проценува на вагите. Се контролира од сите страни. Притисокот се префлра на второстепената комисја која има полни раце работа. Сите се согласни дека само со будно следење и притисок за отстранување на нерегуларностите, ќе се воспостави реален откуп. За утре тутунарските претставници најавија средба со премиерот...
Мало подобрување на линијата. Ова е најновата иформација за текот на откупот во Прилепско- пелагонискиот регион, но и во земјава. Откупот продолжува непречено, а Инспекторатот, од подрачната единица на Министерството за земјоделство, од Сојузот на земјоделските здурженија и од Иицијативниот одбор на тутунарите се од утро до вечер на теренот и кај откупните пунктови. Тутунарите се охрабрени да ги пријавуваат нерегуларностите. Притисокот се префрла на второстепената комисија.
Од Сојзуот на земјоделските здруженија сметаат дека упорноста за буден надзор за реален откуп ќе даде резултати.
Од Земјоделскиот инспекторат констатират дека само вчера се поднесени нови 40 приговори, што со над 100-тината во овој откуп, досега не е забележано.
Откупени се близу 3.000 од реколтата од над 23.000 тони тутун. За утре, претставниците на тутунарите ја најавија средбата со премиерот.
Елизабета Митреска
