Почна градоначалничкиот мандат на Николов
Подавам рака на опозицијата и ќе ја поддржам секоја иницијатива доколку е во полза на граѓаните на Штип. Прво ќе ја подобрам работата на комуналните претпријатија, а во буџетот за идната година ќе има средства за помош на најпогодените од пандемијата. Овде сум и за моите пациенти, изјави Сашко Николов во неговото прво обраќање како градоначалник на Штип...

Со врачување на уверението за градоначалник, Сашко Николов од денес стапува на должност градоначалник на Штип.
„2021-ва ќе биде година која ќе се памети по силниот напредок на Општина Штип. Прво ќе имам состанок со раководителите на јавните комунални претпријатија, од кои очекувам многу“, изјави Николов.
И покрај функцијата, Николов вели дека ќе биде посветен и на пациентите.
Николов ќе ја води општината до наредните редовни избори во октомври идната година.
Славица Величковска
