Фудбал

Хоризонт Турново на лидерското место

16.03.2014 19:15

Фудбалерите на Хоризонт Турново ја постигнаа првата победа во продолжението од првенството на Македонија и се вратија на лидерската позиција, на која што беа за време на зимската пауза. Хоризонт во Гостивар извојува очекувана победа со 1:0 над последнопласираниот тим во првенството. Стрелец беше Своиќ во 7-та минута. Неефикасноста одново беше присутна во играта  на аспирантот за титулата. Многу шанси Турновци не успеаја да реализираат. Гостивар, иако е закован на дното на табелата , му пружи силен отпор на фаворитот и малку недостигаше да освои бод.

Фудбалерите на Хоризонт Турново ја постигнаа првата победа во продолжението од првенството на Македонија и се вратија на лидерската позиција, на која што беа за време на зимската пауза. Хоризонт во Гостивар извојува очекувана победа со 1:0 над последнопласираниот тим во првенството. Стрелец беше Своиќ во 7-та минута. Неефикасноста одново беше присутна во играта  на аспирантот за титулата. Многу шанси Турновци не успеаја да реализираат. Гостивар, иако е закован на дното на табелата , му пружи силен отпор на фаворитот и малку недостигаше да освои бод. Напредок и Еуромилк одиграа нерешено 1:1. Поведе Еуромилк во 4-та минута преку Јашаровски, изедначи Мојсовски во 90-та минута.Локалното дерби во Тетово меѓу Шкендија и Ренова заврши без голови 0:0.

 

Прва лига-22 коло-резултати

Гостивар-Хоризонт 0:1

Напредок-Еуромилк 1:1

Шкендија-Ренова 0:0

Работнички-Вардар 2:1

Металург-Брегалница 1:2

 

Пелистер-Македонија ЃП  -во вторник на 18.03

 

Табела

1.Хоризонт     38

2.Работнички 38

3.Вардар         38

4.Пелистер     35 ( -1)

5.Металург     35

6.Ренова         31

7.Еуромилк    30

8.Брегалница 29

9.Шкендија    27

10.македонија ЃП  22 (-1)

11.Напредок   14

12.Гостивар    11