Претставен новиот концепт за реформи во основното образование

23.12.2020 16:35

Претставен новиот концепт за реформи во основното образование. Освен интегрирање предмети, со десетина задолжителни, ќе се користат различни извори на информации. Ќе има нови учебници, но нема да се укине ниту една научна дисциплина, уверуваат надлежните. Новината треба да почне во септември со учениците од прво и од шесто одделение и целосно да се имплементира во наредниве 5 години...

Учениците од прво до шесто одделение, од септември ќе учат по нов концепт со интегрирани предмети. Потоа, постепено ќе се вклучуваат и другите одделенија. За прво, второ и трето ќе има и нови печатени учебници. Според министерката Царовска, во рок од пет години е предвидено во целост да се промени образованиот систем. Ќе има јавна дебата.

Со интегрирање на содржините во две групи задолжителни предмети, со кои се спојуваат историјата, граѓанското образование и географијата, или физиката, со хемијата и технологијата, наставниците ќе продолжат да работат во училиштето и заеднички да ја планираат наставата. Учениците ќе учат различни аспекти. Оние чиј мајчин јазик не е албанскиот, ќе имаат можат да го изберат за изучување како втор јазик.

Со новиот концепт е предвидено учениците да поминуваат најмалку шест часа во училиште, 60 насто од времето да следат настава, а остатокот да го минуваат посветени на креативни соодржини. Во изработката на наставните програми ќе бидат вклучени  експерти од сите научни области.

Слабите резултати на учениците во земјава покажале дека се неопходни реформи во образованието.

 

Андријана Атанасовска