ЗАНИМЛИВОСТИ

Како изгледа Белата куќа за време на божикните празници

23.12.2020 14:33

Една од најубавите работи за време на божиќните празници е тоа што сите земји имаат свои посебни традиции кои ги негуваат и на кои им се радуваат. Како што постојат традиционални обичаи кај нас, така тие постојат и ширум светот. Интересно е да се знае како на пример изгледа божиќната традиција во Белата куќа.

Божиќните традиции на семејството на претседателот на САД се менуваат со текот на годините. Така, некогаш во оваа куќа се организирале битки со снежни топки, но тоа повеќе не се практикува.

Но една од главните традиции што ги негува „првото семејство“ во САД се новогодишните елки. Традиција е да се поставува елка во Сината соба. Годинава елката е висока 5,6 метри и е донесена од Западна Вирџинија. Но ова не е единствената елка во куќата, напротив,  има десетици елки. Анајмногу накитени елки имала администрацијата на Двајт Ајзенхауер го држела првиот рекорд за најмногу накитени елки во Белата куќа, претседателот имал 26 елки во куќата во 1959 година. Оттогаш овој рекорд повеќепати бил срушен. Во 2015, кога претседател беше Барак Обама, во куќата биле накитени 62 елки.

Годинава, Меланија Трамп се потруди Белата куќа да биде сина пред овогодинешните Божиќни празници.Првата дама ја одбра темата „Убава Америка“ во класичен тон цветни аранжмани, венци и богато украсени новогодишни елки низ резиденцијата.

Исто така , секоја година има различна тема според која се украсува палатата. Оваа традиција ја започнала првата дама Жаклин Кенеди во 1961 година.

Од 1967 година се поставува сцена од раѓањето на Исус Христос во Источната соба. Посетителите на Белата куќа за време на празниците прво ќе ја забележат новогодишната елка со златна ѕвезда поставена во источното крило. Оваа елка е украсена од семејствата на членови на армијата кои починале додека служеле.

Една од омилените божиќни традиции е правењето и прикажувањето колач од ѓумбир во облик на куќа во главната трпезарија. Оваа традиција се негува од 1969 година.

Мора да се спомене дека во Белата куќа се слави и еврејскиот празник Ханука, традиција која ја започнал претседателот Џими Картер.

Дијана Гогова Атанасова