Бразил

Нова мутација на коронавирусот во Рио де Жанеиро

24.12.2020 10:19

Група истражувачи детектирале нова варијанта на патогенот што предизвикува Ковид-19 во Рио де Жанеиро, делот од Бразил најтешко погоден од епидемијата.

Група истражувачи детектирале нова варијанта на патогенот што предизвикува Ковид-19 во Рио де Жанеиро, делот од Бразил најтешко погоден од епидемијата.

Според сознанијата на медицинските власти, мутацијата засега не е проширена во други делови од земјата и е „делумно ограничена“ на градот, но надлежните предупредуваат дека постои можност тоа да се случи.

Истражувањето не покажува дека оваа нова варијанта на вирусот е попренослива, како што е случајот со мутацијата неодамна откриена во Велика Британија.