Кошарка – НБА

Перо блеска, Атланта победува

16.03.2014 20:02

Македонецот меѓу најдобрите, Перо Антиќ ужива во НБА лигата и со неговото враќање на паркетот и Атланта влезе во победоносна серија. Атланта го совлада Денвер со 97:92 благодарение на тројката на Антиќ на четириесетина секунди до крајот на мечот со којашто „Хоукс“ направија пресврт, го преземаа и го сочуваа водството за трета врзана победа.

За околу 24 минути македонскиот кошаркар реализираше 16 поени, два скока и една асистенција. Кревањето на формата на Атланта се поклопува со враќањето по повредите на Антиќ и на Пол Мислап кој оствари двоен ефект од 24 коша и 11 скока.

Со 29 победи и 35 порази Атланта е на осмото или последно место во источната конференција коепто обезбедува плеј оф.