Мас: Германија не се откажува од изнаоѓање решение за спорот меѓу Скопје и Софија

24.12.2020 10:55

Германија ќе продолжи да се залага за изнаоѓање решение за бугарско-македонскиот спор и по завршувањето на германското претседателство со ЕУ на крајот на оваа година, вели германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во интервју за „Дојче Веле”.

Ние сме последните кои кочат кога станува збор за оваа тема. Во суштина, кога се работи за блокадата, станува збор за билатералните односи на Бугарија и Северна Македонија. Ние, како претседателство со Советот на ЕУ, вложивме многу напор во обидот да се дојде до решение. За жал, без успех, додава Мас.

Според него, земјите од Западен Балкан, аспиранти за членство во ЕУ, направија огромен напредок во последните години, а особено Северна Македонија.