Османи со извештај за надворешната политика пред пратениците
Извештајот на министерот за надворешни работи Бујар Османи за остварувањето на надворешната политика и меѓународната положба на Република Македонија, е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за надворешна политика.

Се очекува, меѓу останатото, Османи да се осврне и на активностите на македонската дипломатија по ветото од Бугарија за одржување на меѓувладината конференција на државава со Европската унија.
Комуникацијата помеѓу нас и Република Бугарија продолжува. Сметаме дека независно од она што се случи, тоа не смее да влијае на односите помеѓу нашите две држави и во барањето на решение за да се надмине оваа пречка и да продолжиме понатаму во процесот. Очекувам веднаш по новогодишните празници да продолжиме со комуникација за изнаоѓање решение, изјави Османи.