Католиците вечер го празнуваат Бадник, утре Божик
24.12.2020 11:09
Верниците традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите во целиот свет почнува свечената Рождествова литургија. Така ќе биде и во катедралата „Срце Исусово“ во Скопје.
Верниците од католичката вероисповед кои се водат по Грегоријанскиот календар, вечер го слават Бадник, а утре Христовото раѓање- Божик.
Верниците традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите во целиот свет почнува свечената Рождествова литургија. Така ќе биде и во катедралата „Срце Исусово“ во Скопје.
За празникот се потсетуваат на старозаветните пророштва и настани, поврзани со раѓањето на Исус Христос.
