Ракомет

Историските почетни чекори, со искуство газат!

16.03.2014 20:22

Во Будимпешта и ЖРК Вардар СЦБТ на завршниот ракометен турнир во Лига на Шампионките. ЖРК Вардар СЦБТ-Савехоф 24:18 (11:9). Ѕвездената дружина предводена од Индира Кастратовиќ скромно вербално, крајно позитивно  дрско на терен, од квалификации, преку групна фаза, па ¼ финална до завршна 4-ка во елитната клупска авантура.  Браво Вардарки.

Имиња и презимиња респектабилни од прво до последно, но требаше сета таа плеада да се воигра, спознае, па заигра и докаже дека е здрав и зрел тим па и за трон. Но полека, остануваат страотни два тима од групата 2, Ѓер бранителот на трофејот и Будуќност. Вардарки ќе играат со второпласираната екипа од таа група, како првопласирана од групата 1.  

За денешниот триумф во црвено-црниот табор заслужни сите, со акцент на главната алка, одбраната. Супер партија имаа и обете голманки на двете страни, но онаа на Суслина (18) нас не интересираше и крена.

Фајнл-фор приказната од група 1 ќе ја доживеат покрај нашите девојки и Митјиланд данските првенки, кои денеска кога беше најпотребно знаеа како и колку против табеларниот лидер до денеска, германски Турингер 26:20. Германките денешниов ден ги чинеше од чекор кон целта, чекор во бездна.

Она што ни е нам најбитно и најмногу радува е што на 3 и 4 мај во Будимпешта во фајнл-фор бајката, ЖРК Вардар СЦБТ тргнува во историски комплетен подвиг.