УЈП

Битолчанец најбогат во 2019-та, стружанец со највисоа плата

24.12.2020 13:06

Најмладиот милионер има само шест години, најстариот 101. Битолчанец остварил највисок бруто доход, а највисока плата зел стружанец. Управата за јавни приходи ги објави податоците за остварени приходи од 2019-та. Во десетте топ рангирани самостојни вршители, и адвокати, нотари, извршители и угостители...

Најмладиот милионер има само шест години, а најстариот 101 година. Највисок бруто доход остварил битолчанец. Највисока плата земал стружанец. Скопјанка оставрила најголем приход по основа на игри на среќа. Сите со годишен доход од над 100 милиони денари. Управата за јавни приходи ги презентираше податоците за остварени приходи за минатата година.

Од Управата информираат- се прават анализи дали финансиската поддршка се исплаќа на вработените. Информираат дека во наредниот период прекршочни налози ќе следат по опомените. За ноември компаниите поднеле 13.851 барања.

Од Управата информираат дека пополнета даночна пријава ќе добијат 802.235 граѓани, пресметаниот данок на личен доход изнесува над 19 милијарди денари. Оттаму информираат дека 30.000 граѓани биле оданочени со прогресивна даночна стапка.

Во десетте топ рангирани самостојни вршители со остварен висок доход биле адвокати, нотари, извршители и угостители. Во скопскиот регион одлична заработка имал еден земјоделец.

 

Дијана Ценевска