Агенција за странски инвестици: Подеднакво ни се битни странските и домашните компании

24.12.2020 11:49

И странските и домашните компании придонесувата за развојот на македонската економија. Се насочуваме на развој на странските инвестиции, но и на поддршка на домашните. Брендирањето на производите е нов поттик а за македонските компании, битна е соработката со странските инвестиции...

Соработка помеѓу странските и домашните компании и поттикнување на брендирањето на производите. Ова е најбитно за Агенцијата за поттикнување странски инвестиции. Не ги запоставуваат ниту домашните компании кои се етаблираат на светскиот пазар.

Според податоците, првите шест месеци имаше 120 милиона евра странски инвестици, а Владата ги субвенционира ланските, претежно домашни, со 100 милиона евра.

Македонските извозни компании во вторта половина од годинава ги ублажија тешките ефекти од корона- пандемијата. Резервирани се во планирањата за догодина, иако се надеваат на добар извоз. Многу ќе им значи соработката со странските инвеститори.

За државата приоритет е поддеднаквата соработка со странските и со домашните компании и поттикот на брендирање на производите.

 

Елизабета Митреска