Филипче со младите приватни специјализанти разговараше за регулирање на нивниот статус

24.12.2020 14:41

Филипче кажа дека Министертсвото за здравство и оваа Влада отворија можности секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство во земјава и таквата политика ќе продолжи.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со претставници на приватните млади специјализанти кои работат во коивд центрите во Клинички центар. На состанокот се разговараше за регулирањето на нивниот статус, како и условите во коишто работат.

Филипче кажа дека Министертсвото за здравство и оваа Влада отворија можности секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство во земјава и таквата политика ќе продолжи.

Инвестирањето во младите е најважно, затоа што тие се иднината во јавното здравство. Клучно за креирањето на здравствените политики е учеството на младите здравствени работници. Наша цел е да го решиме статусот на малдите лекари во земја со трајно вработување - рече Филипче.

Разговорите ќе продолжат, а следниот состанок е закажан за наредната недела.