Пандемија

Нов вид на Ковид-19 во Велика Британија

24.12.2020 15:20

Во Велика Британија нов вид на Ковид-19. Црвениот аларм запален и во Јужна Америка. Од коронавирусот, од почетокот на пандемијата, заразени речиси 80 милиони луѓе...

Нов вид на Ковид-19 е откриен во Кент, Велика Британија. Научниците се сомневаат дека вирусот веќе цикрулира надвор од земјата. Конзорциумот вели дека високото ниво на геномски надзор во Велика Британија значи дека ако некој некаде во светот сака да открие нешто, веројатно ќе биде откриено прво во Велика Британија.

Благодарение на нашето надгледување и импресивната геномска способност на јужноафриканците, откривме два случаја на друга нов вид на коронавирусот овде во Велика Британија. Во двата случаја луѓето патувале од Југоисточна Африка во изминатите неколку недели. Благодарни сме и на Јужноафриканската влада на отвореноста и транспарентноста и правилното дејствување кога го откривме новиот вид овде“, изјави Мат Хенкоксекретар за здравство.

Секвенционирањето на геномот на вирусот им овозможува на научниците да видат како се менува додека полека мутира и да откријат како се шири заразата.

Мутирана верзија на вирусот во Нигерија постои со месеци

Работната група за Ковид-19 во Нигерија открила дека мутирана верзија на вирусот Ковид-19 во земјата постои со месеци. Шефот на африканските центри за контрола и превенција на болести, изјави дека е потребно да се спроведе понатамошна истрага. Истакна дека тоа е различна варијанта во споредба со оние во Велика Британија и во Јужна Африка.

Нова мутација на коронавирусот во Рио де Жанеиро

Група истражувачи детектирале нова варијанта на патогенот што предизвикува Ковид-19 во Рио де Жанеиро, делот од Бразил најтешко погоден од епидемијата.

Според сознанијата на медицинските власти, мутацијата засега не е проширена во други делови од земјата и е „делумно ограничена“ на градот, но надлежните предупредуваат дека постои можност тоа да се случи.

Истражувањето не покажува дека оваа нова варијанта на вирусот е попренослива, како што е случајот со мутацијата во Велика Британија.

Бројот на заразени со Ковид-19 во светот се искачи на над 79 милиони луѓе.

 

Марина Ристова