Македонија се прости од Петар Милошевски
Стотици луѓе, не само врзани директно со фудбалот, дојдоа во храмот Свети Климент Охридски да го испратат до вечното почивалиште големиот човек, голман, верник, хуманитарец, Петар Милошевски кој во четвртокот вечерта трагично во загуби животот во сообраќајна несреќа.
Болката ги обедини „Чкембарите и Комитите“, ги растажи навивачите и членовите на Пелистер, Вардар, на Трабзонспорт и на Еносис, клубовите каде што бранеше Пеце.

За жал, смртта на Петар Милошевски кој денеска беше погребан на гробиштата Бутел во Скопје беше тажна причина на едно место да се соберат голем број значајни имиња од македонскиот фудбал.
Петар Милошевски почина на 40 годишна возраст. Беше директор на македонската репрезентација за којашто настапи на 59 натпревари.