МВР: 168 санкционирани возачи во Скопје, 9 возеле без дозвола
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои 9 за возење без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани возила, 9 мерки за користење на мобилен телефон...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои 9 за возење без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани возила, 9 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се 6 санкции за непрописно престигнување, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 16 санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштвуваат од МВР.
