БРЕГЗИТ

Амбасадорите на ЕУ на состанок за трговскиот договор со Лондон

25.12.2020 09:43

По макотрпните маратонски преговори, Брисел и Лондон конечно ги усогласија ставовите и постигнаа привремена спогодба за слободна трговија.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на божиќен состанок со кој ќе почне анализата на трговскиот договор по Брегзит.

По макотрпните маратонски преговори, Брисел и Лондон конечно ги усогласија ставовите и постигнаа привремена спогодба за слободна трговија.

Со договорот ќе се избегне хаос на границите, а на компаниите ќе им се даде одреден степен на сигурност.

Обединетото Кралство ги напушта правилата на Унијата на 31 декември, една година откако се збогува со 27-члениот блок.