Две пленарни седници во Собранието
На дневен ред е и предлог на законот за задолжување на државата кај Меѓународната банка за обнова и развој, Светска банка, по договорот за заем за финансирање на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор...

Денеска Собранието ќе одржи две пленарни седници на кои ќе се расправа за измените и дополнувањата на Законот за инспекција на труд и на законот за инвалидски организации, и двата по скратена постапка.
На дневен ред е и предлог на законот за задолжување на државата кај Меѓународната банка за обнова и развој, Светска банка, по договорот за заем за финансирање на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и предлог на законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба.
