КОВИД-19
Почна вакцинацијата во Јужна Америка
25.12.2020 10:06
Во Мексико пристигнаа првите 3.000 дози од американско-германското партнерство на „Фајзер“ и „Бионтек“.

Мексиканска медицинска сестра е првата која прими вакцина против ковид-19 во Јужна Америка. Имунизацијата на населението на овој континент почна вчера.
Во Мексико пристигнаа првите 3.000 дози од американско-германското партнерство на „Фајзер“ и „Бионтек“.
Оваа земја е меѓу најпогодените со новиот коронавирус, веднаш зад САД, Индија и Бразил. По Мексико, со вакцинација почнаа и Чиле и Костарика.
