Скијање – Светски куп

Двојна радост за Хиршер!

16.03.2014 20:50

Откако ја осигура својата трета победа во Светскиот куп, австријскиот скијач Марсел Хиршер го освои и малиот кристален глобус во слалом. На последната трка во швајцарски Ленцерхајде, Хиршер победи и ги надополни петте бода предност на Феликс Нојројтер откако беше побрз за 76 стотинки во однос на Германецот. Трет со секунда и 8 стоти делови  послаб резултат беше уште еден Австриец, Марио Мат.

Со третиот слаломски триумф сезонава Хиршер собра 15 бода повеќе од Нојројтер, а со вкупно осумте подиуми во трката за големиот кристален глобус на Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал му побегна 131 бод.