Скијање – Светски куп

Велеслаломски глобус за Фенингер!

16.03.2014 21:15

Последната трка од скијачката сезона во женска конкуренција донесе расплет каков што само посакуваше Австријката Ана Фенингер.  На најдобрата сезонава во Светскиот куп Фенингер и беше потребна победа во завршниот велеслалом во швајцарски Ленцерхајде којашто ја оствари и со четири триумфи во оваа дисциплина го приграби малиот кристален глобус со 26 бода повеќе од Швеѓанката Џесика Линдел – Викарби која денеска беше трета со 33 стотинки послаб резултат. Второто место и припадна на австријката Ева – Марија Брем.

Сезонава Фенингер осум пати се најде на победничкиот пиедестал, но на патот кон првиот голем кристален глобус во кариерата и помогна и повредата на Марија Хефл – Риш. Германката на крајот остана втора во вкупниот поредок со 151 бод помалку.