Залет за завршницата на домашните првенства!

16.03.2014 22:01

Македонските шампионати влегуваат во фаза во којашто се обезбедуваат пласман во главната конкуренција или најдобри позиции во завршната трка за трофеите.

Македонските шампионати влегуваат во фаза во којашто се обезбедуваат пласман во главната конкуренција или најдобри позиции во завршната трка за трофеите.

Во 17-то коло од кошаркарската Прва лига, во единствениот натпревар во недела Вардар Апаве славеше против Струмица со 68:56 и заедно со вечерешниот противник и со Фени индустри остана во игра за петтото место што значи пласман во Супер лигата на којашто подоцна ќе и се приклучи нашиот претставник во АБА натпреварување, МЗТ Скопје Аеродром. Кавадарчани вчера го совладаа Карпош Соколи со 76:61, додека во директната пресметка за третата позиција Лирија како гостин беше подобра од Куманово со 90:87

Во петокот во дуелот на најдобрите две екипи, Работнички остана на лидерската позиција , сега осамен и со само еден пораз откако беше поуспешен од Кожув со 72:67.

Нашите ракометни екипи со мечевите од 16-та рунда ја продолжија Супер лигата. Куманово го совлада Текстилец со 28:25, во саботата Пелистер беше подобар од Преспа со 32:18, Овче поле дома загуби од Металург јуниор со 33:18, додека Охрид – триумфираше против Радовиш со 21:17.

На 11-ти март Прилеп и Зомимак ремизираа 27:27, но и двете екипи веќе обезбедија учество во плеј офот на Супер лигата во којшто директно ќе влезат и Вардар и Металург.

Одбојкарското првенство е при самиот крај. Во првите дуели од полуфиналето на плеј офот, шампионот Вардар во Штип го победи Мавис со 3:0, додека максимален триумф оствари и Пробиштип дома против Сушево. За пласман во финалето потребни се две победи.