Почна филтрирањето на судиите
Северна Македонија ќе биде правна држава, каде што ќе одговараат сите што го прекршиле законот, сега или во иднина, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ, во својот отчет пред јавноста за сработеното во првите 100 дена Влада. Тој нагласи дека сите судии или обвинители кои незаконски постапувале или направиле прекршување во постапките, ќе бидат исфилтрирани од правосудниот систем...

Посебен фокус ќе биде ставен на случаите на висока корупција и организиран криминал. Како што знаете Судскиот совет веќе донесе одлука за разрешување на двајца судии од Основен суд Охрид поради несовесно работење. Со тоа почнува и процесот на филтрација во судството според новите правила. Ова е едиствен чекор за враќање на изгубената доверба во правосудството- изјави министерот за правда Маричиќ коментирајќи ја одлуката за разрешената судијка.
„Секој има право да ја докажува својата невиност. Постојат механизми. Како крајна мерка што можеле да ја преземат, верувам дека Судскиот совет имал доволно докази за тоа“, изјави Маричиќ.
Маричиќ најави и измени во Изборниот законик. Тој посочи дека за тоа веќе е формирана и работната група од преставници на сите партии , поважните институции како и претставници на меѓународната заедница.
„Во Изборниот законик ќе бидат вградени сите оние измени во однос на моделот на изборите, за коишто ќе постигнеме консензус. Имаше повеќе идеи, рече тој, вклучувајќи ја и едната изборна единица кои беа промовирани уште пред парламентарните избори“, рече министерот Маричиќ.
Во однос на измените на Кривичниот законик, најави дека има два процеси – донесување на релативно брзи измени коишто би предвиделе спроведување на одредени стандарди поврзани со Истамбулската конвенција, како и брзи измени поврзани со поголема заштита на новинарите.
Марина Стојанова- Тонева
