Берово во сообраќајна изолација
Повеќе од шест месеци Берово е во сообраќајна изолација. Автобуската станица не работи, не функционира ниту една автобуска линија. Ова е голем проблем за нас, но и срам за Берово како туристички центар, велат беровчани...

Од прогласувањето на пандемијата и воведувањето посебни правила за превозниците на патници, Берово остана без ниту една автобуска линија, а се затвори и автобуската станица. Беровчани немаат превоз ниту до соседните градови, ниту до Скопје.
Сите транспортни компании за превоз на патници во државата трпат големи штети од оваа состојба, линиите се редуцирани, но ниту една не сопре целосно со работа, каков што е случајот во Берово, вели претседателот на Здружението на превозници.
И порано и сега, проблем на транспортните компании им прават дивите превозници, но во овие услови граѓаните се приморани да ги користат нивните услуги
Во моментот беровчани за патување низ државата, главно до Скопје се организираат на социјалните мрежи, во групата за патување од и до Берово за неколку дена се приклучиле околу 800 лица.
Не е многу подобра состојбата на овој план и во соседните градови. Со редуцирани автобуски линии до Скопје се и Пехчево и Делчево.
Славица Величковска
