Тетово урива рекорди по аерозагаденост
Тетово урива рекорди по аерозагаденост, надлежните речиси и ништо не преземаат. Граѓаните велат дека оваа зима поради аерозагадувањето и коронавирусот ќе ја поминат во изолација, ќе излегуваат од дома само кога е непходно.

Тетово минатиот месец се најде на врвот на глобалната база на податоци на „Нумбео“ како најзагаден град во светот. Но, тоа не ги загрижи властите кои на терен не преземаат сериозни чекори против изворите на загадување.
Хаосот во сообраќајот и урбанизмот е уште поголем, зеленилото речиси го нема. Производствените погони слободни испуштаат разни материи во воздухот, кои од око се гледа дека го загадуваат. Но, и покрај ваквата состојбата инспекциските служби никого не казниле, оти како што велат, не утврдиле дека некој испушта недозволени честички во воздухот.
Граѓаните се жалат на лошиот воздух, посебно хронично болните кои излегуваат од дома само кога мораат, а прозорци не ни помислуваат да отворат.
За негрижата на властите за амбиенталниот воздух говори и ова еколошко дрво кое е целосно исушено како и сечата на овие високо стеблеста дрвја пред неколку месеци, каде на нивно место сега пред објектот на Државниот пазарен инспекторат има засадено само неколку украсни дрвца.
Зоран Димовски
