Стрелиштето е нов капацитет за НАТО
И Армијата и Полицијата подготвуваат план за обезбедување на операцијата за вакцинација на населението од коронавирусот. Безбедносните сили ги здружуваат капацитетите во време на пандемија...

Безбедноста е основа за развој на државата. Затоа вложувањето во безбедносните сили е приоритет. Специјалните единици на Армијата и Полицијата мора да бидат најдобро подготвени. Добија ново стрелиште во касарната „Илинден“ во местото кадешто работат. А со тоа и можност за побрз и поекономичен тренинг. Покажаа како заеднички тимски работат на безбедноста во урбани средини.
Армијата и полицијата заедно извршуваат задачи и за време на пандемијата. Веќе е подготвен план како ќе се обезбедува и операцијата за вакцинација на населението од коронавирусот.
Мала држава потребно е да се биде рационална, па најповиканите безбедносни сили, Армијата и Полицијата треба да продолжат заедно да вложуваат во капацитетите.
Ирина Гелевска
