Приведени 29 лица на забава
29 лица не ја довршиле забавата во Волково, полицијата растурила и семејна веселба во Кумановско. За два дена, Државниот пазарен инспекторат затворил девет угостителски објекти поради непочитување на работното време. Спасовски најавува оперативен план со засилени контроли за новогодишните празници...

Приведени 29 лица од прослава во скопско Волково, растурена семејна веселба во Кумановско. И покрај протоколите, забавите продолжуваат - велат од Министерството за внатрешни работи. Децидни-здравјето да се зачува и да се заштитиме од вирусот. Министерот Спасовски најавува оперативен план за засилени контроли за новогодишните празници.
Во изминативе два дена Државниот пазарен инспекторат затворил девет угостителски објекти. Оттаму велат дека контролите утврдиле непочитување на работното време и бројот на гости. Над 150 инспектори се на терен . Последниот месец биле проверени над 280 објекти.
Од Независната угостителска комора посочуваат дека донесените владини одлуки ги почитуваат но појаснуваат дека угостителскиот сектор брои загуби ,а поддршката недоволна. Во месеците што следат, велат дека можно е и намалување на бројот на вработени.
Во земјава има околу 6.500 угостителски објекти со 35.000 вработени.
Дијана Ценевска
