Серија земјотреси во Загреб

28.12.2020 10:56

Серија земјотреси утрово го погодија хравтсиот главен град Загреб. Шефицата на Сеизмолошката служба на Хрватска, Инес Иванчиќ, ги предупреди граѓаните на можноста од нови земјотреси во наредните часови и денови во областа Петриња и Сисак.

Првиот земјотрес се случи во 6:28 часот, со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, проследен со два малку послаби, кои беа со изнтензитет со 4,7 и 4,1 степени

Земјотресите во Петриња и Сисак ги почувствуваа и граѓаните на Запрешиќ, Бјеловар, Вировитица, Копривница, Огулин, Риека и други градови.

Ако магнитудата беше пет, тогаш можноста за последователни земјотреси е многу веројатна, рече Иванчиќ.

Со неа се согласува и сеизмологот Маријан Херак од Геофизичкиот отсек на ПМФ во Загреб. Во изјава за ХРТ тој рече дека денешниот потрес дефинитивно не е дел од истата серија како оној загрепскиот од 22 март, туку станува збор за друго епицентрално подрачје и нагласи дека сигурно ќе има уште потреси во тоа подрачје.