СЗО

Гебрјесус: Ова не е последна пандемија

28.12.2020 11:09

Гербејсус рече дека светот мора да учи од Ковид-19 и да се позанимава со блиските врски меѓу здравјето на луѓето, животните и планетата.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека пандемијата предизвикана од новиот коронавирус нема да биде последната. Додаде и дека епидемиите се факт на животот.

Гербејсус рече дека светот мора да учи од Ковид-19 и да се позанимава со блиските врски меѓу здравјето на луѓето, животните и планетата.

Предупредувањето следи кога првите дози на вакцините на Фајзер и Бионтек против коронавирусот стигнаа во земјите на Европската унија, а првите случаи на вакцинација беа објавени во саботата.