Регистрирани случаи на новиот вид коронавирус во Јужна Кореја
28.12.2020 12:15
Според корејската Агенција за контрола и превенција на болести се работи за тричлено семејство кое пристигнало во земјата на 22 декември.

Јужна Кореја ги регистрираше првите случаи на инфекција со новиот вид на коронавирус, откриен во Велика Британија. Според корејската Агенција за контрола и превенција на болести се работи за тричлено семејство кое пристигнало во земјата на 22 декември.
Еден ден по нивното пристигнување, Јужна Кореја ги затвори своите граници до 31 декември за сите патници од Велика Британија.
Јужнокорејските власти ветија дека ќе ги зајакнат напорите за спроведување масовна вакцинација во земјата.
