Гебрјесус: Ова не е последна пандемија
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека пандемијата предизвикана од новиот коронавирус нема да биде последната. Додаде и дека епидемиите се факт на животот...

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека пандемијата предизвикана од новиот коронавирус нема да биде последната. Додаде и дека епидемиите се факт на животот. Гербејсус рече дека светот мора да учи од Ковид-19 и да се позанимава со блиските врски меѓу здравјето на луѓето, животните и планетата.
„Тешко е да се поверува дека пред само една година, Ковид-19 ни беше целосно непознат. Во изминатите 12 месеци, нашиот свет беше превртен наопаку. Ефектите од пандемијата одат подалеку од самата болест, со далекусежните последици за општествата и економиите. Но, ништо од ова не треба да изненадува. Со текот на годините, имаше многу извештаи, прегледи и препораки, сите говореа истото. Светот не е подготвен за пандемија. Сите мора да ги научиме лекциите што ни ги учи пандемијата“, изјави генералниот директор на СЗО.
Предупредувањето следи кога првите дози на вакцините на Фајзер и Бионтек против коронавирусот стигнаа во земјите на Европската унија, а првите случаи на вакцинација беа објавени во саботата.
Нов бран на коронавирусот во Хонг Конг, болница стана жариште
Хонг Конг се соочува со четвртиот бран на Ковид-19. Прави напори да спречи ширење на вирусот, откако болница стана жариште на инфекцијата. Околу 70 медицински работници кои биле во близок контакт со заболениот пациент, се во карантин, а треба да се тестираат од 6.000 до 7.000 вработени во таа здравствена установа. Властите во Хонг Конг, исто така, ги засилија контролите врз замрзнатата храна, бидејќи властите во Кина тврдат дека го пронашле вирусот и на амбалажата на увезена замрзната храна.
Регистрирани случаи на новиот вид коронавирус во Јужна Кореја
Јужна Кореја ги регистрираше првите случаи на инфекција со новиот вид на коронавирус, откриен во Велика Британија. Според корејската агенција за контрола и превенција на болести се работи за тричлено семејство кое пристигнало во земјата на 22 декември. Еден ден по нивното пристигнување, Јужна Кореја ги затвори своите граници до 31 декември за сите патници од Велика Британија. Јужнокорејските власти ветија дека ќе ги зајакнат напорите за спроведување масовна вакцинација во земјата.
Марина Ристова
